„Роналдо ми се јави и ми кажа да се преселам кај него во Јувентус“

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ откри дека имал можност да се пресели во Јувентус, откако разговарал со Кристијано Роналдо, кој му предложил преселба во италијанскиот гигант.

Ракитиќ од Барселона се врати во Севилја, но хрватскиот фудбалер открива дека Роналдо му се јавил за да го убеди да потпише за Јувентус.

„Роналдо тоа лето ми се јави и сакаше да заминам кај него во Јувентус. Ми кажа дека тимот сака да ме ангажира, но операцијата не заврши успешно бидејќи Барселона бараше 50 милиони евра“, кажа Ракитиќ.

Една година подоцна Ракитиќ за само 1,5 милиони евра се пресели во Севилја.