Роналдо: Меси бил подобар од мене? Не се сложувам со тоа мислење!

Кристијано Роналдо во гостувањето кај новинарот Пирс Морган разговараше на различни теми, а една од нив е за неговото ривалство со Лионел Меси.

Вечна дилема ќе остане кој имал подобра кариера од нив двајца, а Морган го праша што мисли на коментарите дека Меси бил подобар од него.

„Меси подобар од мене? Не се сложувам со тоа“, одговори Роналдо.