
Роналдо ќе загуби многу доколку Нејмар дојде во Реал
Шпанските медиуми веќе со месеци наведуваат дека Нејмар има желба да се пресли во Реал Мадрид, но тоа нема да се случи додека Кристијано Роналдо игра во овој клуб.
Доаѓањето на Нејмар во Реал би имал и големо финансиско значење и сигурно дека би бил прва ѕвезда во тимот и од тој аспект.
Меѓутоа, исто така ниту Роналдо не би сакал да игра во иста екипа како Нејмар, бидејќи двајцата имаат договор со Најм. Тоа би значело дека американската компанија би морала да се фокусира максимално на еден од нив двајцата, а наводно Роналдо е свесен дека тоа ќе биде Нејмар.
Португалецот во тој случај би загубил многу кога станува збор за заработка од спонзорски договори и сигурно дека никогаш не би прифатил да биде на ист постер како и Нејмар. Поради тоа сѐ појасно е дека Роналдо би можел да ги напушти кралевите доколку доколку Флорентино Перез најде начин да го донесе Нејмар.