„Роналдо е себичен и мисли само на себе“ (ВИДЕО)

Португалија ќе игра в петок против Франција во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а повторно на теренот се очекува да заигра Кристијано Роналдо кој имаше лоши моменти на дуелот против Словенија.

Роналдо се расплака како мало дете по промашениот пенал во продолженијата против Словенија, а тоа го коментираше и поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман.

„Морам да признаам дека и јас поверував дека Роналдо станал тимски играч. И верував во тоа додека не го покажа своето вистинско лице. Кога почна да плаче, во тој момент помислив дека е себичен и мисли дека сè се врти околу него“, кажа Хаман.