Мартинез не дозволи Меси да биде трагичар, Аргентина по голема драма го елиминриаше Еквадор (ВИДЕО)

Вистинска драма гледавме во првото четвртфинале на Копа Амерка. Фудбалерите на Аргентина успеаа да се изборат со незгодниот Еквардар на стадионот во Хјустон и славеа по подоброто изведување на пенали откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.

Во првиот половина час видовме по две прилики на двете страни. Прво Мартинез му одбрани зицер на Џереми Сармиенто, додека на другата страна Енцо Фернандез имаше непрецизен удар по нафрлувањето на Молина. 

Се играше 35. минута кога Лисандро Мартинез го отвори резултатот. Еквадор доби голема прилика да изедначи во 61. минута, но Енер Валенсија од ударот од белата точка ја погоди само стативата.

Вистински шок за Аргентина следуваше во втората минута од судиското продолжение кога Кевин Родригез ја смести топката во мрежата и донесе пенали.

Малку фалеше Меси да биде трагичарот за Аргентина. Фудбалерот на Интер Мајами во првата серија сакаше да реализира со паненка, но ја погоди само пречката. Сепак, Емилијано Мартинез ги одбрани пеналите на Анхел Мена и Алан Минда, додека Алварез донесе предност која Аргентина ја сочува до крајот.

На крајот со вкупни 4:2 „Гаучосите“ се пласираа во полуфиналето каде што ќе играат против подобриот од мечот помеѓу Венецуела и Канада.