Ривер плејт рекордно се збогати од трансферот на Енцо Фернандез во Челси

Култниот аргентински великан Ривер Плејт трие раце откако синоќа на самиот крај од зимскиот преооден рок, Енцо Фернандез направи премиерлигашки рекорд откако Челси го купи од Бенфика за 120 милиони евра.

Ривер, каде проникна Енцо, најдобриот млад фудбалер на светот, од трансферот сега ќе заработи чисти 32 милиони евра, зашто имаше четвртина од сопственоста врз фудбалерот плус бонуси и ова е рекорд над рекордите за аргентинскиот клуб, иако индиректно учествуваше во трансферот.

Досегашниот рекорд на Ривер беше 35 милиони евра од Хавиер Савиола на почетокот на новиот милениум, кога тогашниот аргентински репрезентативец замина во Барселона, чиј тренер во младинските категории е моментно. Ама, Ривер има плус заработка од трансферот во Бенфика, па севкупно младиот фудбалер за врска ќе донесе безмалку 50 милиони евра, а пред само осум месеци сѐ уште беше дел од слабниот клуб од Буенос Аирес.

Фернандез во Бенфика дојде летоска за вкупни 15 милиони евра и експресно го сврте вниманието кон себе прво со настапите во ЛШ, а потоа и на СП во Катар каде Аргентина по 36 години чекање ја освои својата трета светска круна.