Рикелме се огласи по поразот: Му честитам на Перез, ама нема да поминат уште 20 години без избори
При пребројувањето беа утврдени низа неправилности, дисквалификувани беа околу 1.000 гласа, но тоа не влијаеше на конечниот исход. Првпат по 17 години откако е на функцијата, Флорентино Перез имаше противкандидат во Енрике Рикелме, но тој ќе мора да почека некои подобри времиња за, евентуално, да ја преземе претседателската позиција. По поразот, Рикелме му честиташе на Перез, но им даде ветување на навивачите и членовите на Реал.
„Денес е посебен ден. По 20 години, беше забележана историска излезност и покрај тешкотиите при гласањето. Денес, Реал Мадрид и нашата кандидатура победија, без оглед на резултатот. Делот од мадридизмот што спиеше, делот што немаше каде да го изрази своето мислење, го доби својот глас. Без разлика што ќе се случи, ние ќе продолжиме тука. Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат резултатите, но Реал Мадрид победи денес.
Сакам да му честитам на Флорентино за неговата победа. Реал Мадрид нема да помине уште 20 години без избори. Мора да продолжиме да ги ставаме членовите во срцето на сè. Ви благодарам на сите многу. Ја подавам раката, со сето должно почитување, до Реал Мадрид и неговиот претседател“, изјави Рикелме.
Од денеска реконструкцијата на фудбалскиот тим на Реал, прво треба да биде назначен Жозе Мурињо за нов тренер, а потоа да бидат претставени и засилувањата за новата сезона во која мадридскиот тим ќе се обиде да го прекине својот пост и да ја прекине хегемонијата на Барселона.