Нема да се застане со ВАР: Ќе се менува и начинот на изведување пенали!

ВАР успеа и го намал бројот на погрешно досудени пенали, а сега е на ред да видиме дали и пенал серијата ќе биде поинаква во однос на она што го навикнавме. 

Имено, Холанѓаните од следната сезона експериментално ќе го сменат системот на изведување на пенали во националниот Куп. Наместо АБАБ системот кој сега го гледаме, пеналите ќе се изведуваат по системот АББА.

Значи, доколку во регуларниот дел од натпреварот нема победникот, истиот ќе се одлучува по пенал рулетот, но по ново со една крупна разлика.

Наместо шутерите од противничките екипи наизменично да се менуваат, прво ќе шутира еден играч од тимот А, па потоа двајца од тимот Б, па потоа повторно двајца од тимот А и така до самиот крај на серијата.

Зошто? Затоа што статистиката открива дека во 60 отсто од случаите тимот кој прв ги изведува пеналите поминува понатаму, а целта на пенал серијата е токму во тоа ниту еден тим да нема предност, бидејќи треба да важат исти правила и критериуми за двете екипи.

Па да го видиме и тоа. Премиерно е можно уште на 4 август кога ПСВ и Фејенорд ќе ги вкрстат копјата во холандскиот Суперкуп. Ако системот се покаже како добар, ќе почне да се применува и во други натпреварувања.