Револуција во Париз: ПСЖ купува три ѕвезди на Реал за 210 милиони евра

ПСЖ планира повторно да прави ремонт во екипата, со надеж дека конечно ќе успее да ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Ле Паризиен“ пишува дека францускиот шампион летово ќе бара фудбалери, кои имаат искуство во ЛШ, а изборот паднал на три ѕвезди на Реал Мадрид.

ПСЖ е на удар од УЕФА поради финансискиот фер-плеј, но ниту тоа нема да ги спречи да се обидат да ги ангажираат Тони Крос, Герет Бејл и Иско од Реал Мадрид за 210 милиони евра.

Француските медиуми пишуваат дека претседател Насер Ал-Келаифи смета дека тие тројца фудбалери би можеле да го предводат неговот проект, заедно со Нејмар и Килијан Мбапе и конечно да им го донесат трофејот.