
Ремс со два гола го изненади незгодниот Лил
Ремс од 12 до 16. минута од натпреварот постигна два брзи гола, и тоа преку Дарами и Накамура за водство од 2-0 до полувремето.
Лил нападна во вториот дел и го скрши отпорот на гостите дури во 80. минута кога Андре стрелаше за 1-2, по што следеше неизвесна завршница во која Ремс не дозволи да прими и втор гол.
Ремс има 10 бодови на петтото место на табелата, додека Лил е на 11. позиција со два бода помалку.