Реал подготвува понуда за Нејмар по која неговиот трансфер во ПСЖ изгледа како бакшиш

Шпекулациите околу Нејмар очигледно од ден на ден стануваат сè поголеми и поголеми. Кристијано Роналдо наводно е на излезни врати од „Сантијаго Бернабеу“, па „кралевите“ сакаат да го имаат Бразилецот како ѕвезда број 1.

Нејмар минатото лето се пресели во Париз од Барселона за 222 милиони евра, трансфер што ги сруши сите рекорди. Реал Мадрид е познат по тоа што поставува нови граници кај како во минатото кога ги купи Луис Фиго, Зинедин Зидан, Кака, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, па сега ќе постави нов светски рекорд со трансферот на Нејмар.

Англискиот таблоид „Сан“, пишува дека Реал Мадрид ќе понуди неверојатни 350 милиони евра за бразилскиот репрезентативец. Интересно е тоа што Нејмар нема откупна клаузула во договорот со ПСЖ се до 1 септември 2018 година. Тогаш се активира откупната клаузула од 300 милиони евра во неговиот договор. Токму поради тоа Реал ќе се обиде со 50 милиони евра повеќе да го убеди ПСЖ да го продаде фудбалерот во јануарскиот преоден рок, за да не чека до јануари идната година. 

Доколку го продаде Роналдо летово, Реал Мадрид лесно ќе собере буџет за Нејмар и сето тоа да биде во рамки на Финансискиот фер-плеј на УЕФА. Платата која европскиот првак му ја нуди на ѕвездата на ПСЖ е 45 милиони евра по сезона, што е за 10 милиони повеќе од неговата сегашна плата.