
Реал Мадрид со пресврт против Сосиедад до - пет од пет во Ла Лига (Видео)
Андер Баренецеа дури од трет пат успеа да го матира Кепа Аризабалага, откако шпанскиот голман му одбрани два удари по ред.
Федерико Валверде во првата минута од второто полувреме израмни на 1-1, а потоа Хоселу ги постави конечните 2-1.
„Кралевите“ се први на табелата со 15 бодови, по што следи Барселона со 13, а Атлетик Билбао и Жирона имаат по 10.