Реал Мадрид го испразни шкафчето на Роналдо: Се чека нов сопственик (ФОТО)

Соблекувалната на Реал Мадрид од денеска е преуредена. Поранешното шкафче на Кристијано Роналдо сега е празно. 

Без негова фотографија и без неговото име, шкафчето помеѓу Начо и Тони Крос сега зјае празно. 

Се чека новиот сопствник на легендарната „седумка“ во Реал Мадрид, фудбалер кој веројатно ќе го добие и ова шкафче помеѓу Начо и Крос. Многу фудбалери се споменуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, од Еден Азар, Хери Кејн и Нејмар.