Раниери ги разбуди своите ѕвезди: Рома со „петарда“ ја распарчи Парма
Победата на „Волчицата“ ја најави Пауло Дибала од пенал во осмата минута, а потоа во првото полувреме стрелаше и Саелемакерс.
Дибала во 51. минута зголеми на 3-0, по што во завршницата Паредес од пенал, а потоа и Довбик од игра ги поставија конечените 5-0.
Римјаните по 17 одиграни кола имаат освоено 19 поени и се наоѓаат на 11. место во калчолигата.