
ПСЖ се сели од Паркот на принцовите и ќе игра на многу помал стадион
„Нема да има продажба на Паркот на принцовите. Тпа е наследство за парижаните, сета расправа е завршена“, изјави Идалго.
Тоа ги налути челниците на ПСЖ и само прашање на време е кога ќе биде донесена одлука за преселба. Во конкуренција за нов дом на „светците“ се три стадиони во главниот град на Франција.
Најреална опција е стадионот Жан Буен кој се наоѓа во непосредна близина на Паркот на принцовите и таму игра женскиот тим на ПСЖ, а има капацитет од безмалку 20 илјади места. Тој стадион е во сопственост на француската влада, но за разлика од Париз, оттаму се расположени да го продадат. Втора опција е стадионот „Себастиен Карлети“ каде игра второлигашот ФК Париз и тој е со 20 илјади места. Последната можност е стадионот „Ла Дефенс Арена“ во предградието на Париз. Тој има капацитет од 30 илјади седишта, отворен е во 2017 година, но на него игра рагби тимот Расинг 92.
Паркот на принцовите собира речиси 48 илјади посетители, а ПСЖ игра на него од 1974 година.