
ПСЖ ќе добие 100 милиони евра: Нејмар се договори со Ал Хилал!
ПСЖ ќе добие околу 100 милиони евра за трансферот на Бразилецот, додека Нејмар ќе потпише договор до 30 јуни 2025 година.
Медицинските прегледи за Нејмар се закажани за денеска во Саудиска Арабија, додека промоцијата како ново засилување се очекува да се случи на крајот на неделата.
Саудискиот тим ќе потроши околу 320 милиони евра само за плата за Бразилецот и затоа не планира да го пушти на позајмица во Барселона.