ПСЖ ги расипува трансфер плановите на Ливерпул

Баерн Минхен одлучи да го продаде Тијаго Алкантара откако фудбалерот реши да побара нов предизвик во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец се чинеше дека е многу близу до трансфер во редовите на Ливерпул, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и ПСЖ. Тијаго е слободен за 30 милиони евра, па „светците“ без проблеми ќе го платат обештетувањето.

ПСЖ сака да го победи Ливерпул и во понудата за личните услови на фудбалерот. Конечната одлука ќе биде на Тијаго, односно на чиј договор ќе го стави својот потпис.