
Првпат во историјата, женскиот тим на Реал ја победи Барса и тоа како гостин (ВИДЕО)
Мадридскиот тим славеше како гостин на Монжиук со 3-1, а натпреварот го одбележа поништен гол за Барса поради непостоечки офсајд во 81. минута, при резултат 1-1. Головите за победа ги постигна Вир во 87. и 97. минута од мечот. Интересно е тоа што Реал досега немаше ни нерешен резултат против Барселона во претходните 18 меѓусебни пресметки.
Ова е втор пораз на Барселона во шпанското првенство оваа сезона, но на седум кола пред крајот, се уште има предност од четири бода во однос на Реал Мадрид. Каталонскиот тим е најуспешен тим во Шпанија со девет титули од кои пет по ред, од 2020 до 2024 година. Женската екипа на Реал е формирана во 2020 година и ова е нејзина петта сезона во конкуренција, а претходните три ги заврши на втората позиција.