
Првиот човек на Ла Лига: Сезоната можеби е завршена
Тој не е премногу оптимистичен дека натпреварите ќе продолжат наскоро со оглед на случувањата во светот и пандемијата од коовид-19.
„Цел викенд работам преку видео и телефон со Европските институции и претседателите на клубовите. Пред нас има многу важна недела. Со она што сега се соочуваме ќе стави крај на сезоната, а оваа недела ќе биде многу важна и ќе се донесат важни одлуки во Европа. Работев со моите контакти во Италија и Германија за да се обидеме да најдеме решение за термините, но ова е сериозна здравствена ситуација. Една четвртина од сезоната останува да се доигра, имаме желба да го ревидираме целиот буџет ако сезоната заврши сега“, вели Тебас.
Неговата изјава сугерира дека нема многу простор за оптимизам дека сезоната ќе заврши регуларно и дека наскоро ќе биде крената забраната за играње натпревари. Во вторник УЕФА ќе има видео-конференција со сите членки и ќе се одлучи што понатаму.