
Првиот човек на Фенер објасни зошто го избркал Мурињо!
Мурињо не успеа да го однесе Фенер во Лигата на шампионите. Португалецот пред натпреварите влезе во војна со раководството откако јавно на прес-конференциите се жалеше дека клубот не му носи соодветени засилувања.
Интересно, дури откако го отпуштија Мурињо, ги донесоа фудбалерите кои тој ги сакаше. Особено необична беше ситуацијата со напаѓачот на Бенфика, Актуркоглу кој Фенербахче го донесе откако тој го постигна голот со кој беа елиминирани во ЛШ.
Али Коч вели дека причината поради која му е врачен отказ на Мурињо е неговиот дефанзивен стил на игра.
„Беше тоа болна разделба… Имавме добра хемија, самиот фактот што го доведовме во Фенербахче веќе беше успех. Пред сè, за мене лично беше тешко на некој кого го сметам за пријател да му кажам збогум. Знаевме дека игра дефанзивно, па на крајот на сезоната дискутиравме и заклучивме дека е потребно да игра поофанзивно. Во нашиот ДНК е да даваме 99 голови и да освоиме 99 поени. Начинот на кој бевме елиминирани од Бенфика е неприфатлив. Му се заблагодаривме на Мурињо за соработката бидејќи веруваме дека овој тим може да игра многу подобар фудбал. Стилот кој Мурињо го наметна овде можеби поминува во Европа, но во Турција мораме да доминираме над противниците“, изјави Коч.