Први слики од уништеното Бугати на Роналдо (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо вчера доби лоша вест од Мајорка, откако еден работник му го уништил Бугатито вредно 2,1 милиони евра.

Еден од работниците сакал да го повози Бугатито, но потоа завршил во ѕид во близина на домот на Роналдо.

Работникот не е повреден, но има штета на автомобилот, а во медиумите се појавија и првите фотографии од возилото.