Прв пораз за Елмас и Наполи: Милан го презема врвот во Серија А (ВИДЕО)

Дербито меѓу италијанските гиганти Милан и Наполи заврши со победа на домаќинот од 2-1 на „Сан Сиро“ во петтото коло од Серија А.

Само три минути им беа потребни на „росонерите“ преку Саелемакерс да поведат со 1-0, а речиси половина час подоцна Пулишиќ ја затресе мрежата на гостите од Неапол за предност од 2-0.

Еступинан направи прекршок во 57. минута по кој му беше покажан црвен картон, а потоа Кевин Де Брујне од пенал намали на 1-2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и уште неколку фудбалери влегоа во игра во 73. минута, меѓутоа актуелниот италијански шампион не успеа да постигне и втор гол во Милано.

Standings provided by Sofascore

Фото: EPA