Пропадна трансферот на Дибала во Тотнем

Иако речиси сѐ беше договорено за Пауло Дибала да се пресели од Јувентус во лондонски Тотнем, трансферот на аргентинскиот репрезентативец сепак нема да се случи и тој дефинитивно пропаѓа.

Уште доцна синоќа англиски медиуми објавија дека Јувентус и Тотнем се договориле за трансфер вреден 65 милиони фунти, а Дибала постигнал начелен договор за своите услови, па остана само да се реши делот околу имиџ-правата и процентите од продажба. Но, токму тоа беше најголема пречка за реализација на трансферот.

Италијанскиот новинар Танкерди Палмери објави пред половина час дека имиџ-права и проценти не се решаваат за три часа, а потоа ББЦ објави дека трансферот пропаѓа и дека Јувентус се повлекол од преговорите, зашто Тотнем немал намера да ги плати процентите, а Товарот требало да падне на „старата дама“ и таа да загуби 12 милиони фунти од парите што планирале да ги заработат.