Пресврт во Барселона: Араухо ќе потпише нов договор!
Новинарот Фабрицио Романо, кој речиси никогаш не греши, објави дека Араухо се наоѓа пред потпис на нов договор со каталонскиот гигант.
Договорот меѓу двете страни бил постигнат во текот на неделава и на следниот состанок ќе бидат комплетирани уште неколку детали пред официјално да биде ставен потпис на нова соработка.