Митев: Данските судии не ни дозволија фер борба против Холандија!
Разочарувањето кај жолто-црвените беше огромно, а голем дел од избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа револтирани од начинот на кој данските судии ја делеа (не)правдата.
„Во прво полувреме требаше подобро да им ја запреме транзицијата. Пробавме да се вратиме, но Данците не ни го дозволија тоа. Не сум видел ни на клупски ни на репрезентативен меч, некој тим да изведе 12 седмерци“, рече Митев.
Македонските ракометари сега имаат еден бод по првите две средби, а пред нив е уште една средба од првата фаза на СП и тоа против аутсајдерот Гвинеја, закажана за задутре (недела) од 18 часот исто така во Вараждин.