Македонски навивач откри зошто данските судии нѐ испокрадоа со Холандија! (ФОТО)
На сета мака и различни толкувања на поразот коментар привлече размислувањето на извесен Милчо кој се обиде да објасни каква завера имало против нас.
„Данските судии се масони и имаа работен налог од данската масонска ложа да се одмаздат за убиството на грчкот крал Џорџ Први (24.12.1845, Копенхаген, Данска, 18.03.1913, Солун, Македонија) од данската кралска лоза. Затоа Данците се секогаш против екипите од Македонија во ракометот. Мораме да им објасниме преку МНР и да им речеме извинете данјаци „Ама морално беше да ви го убиеме данскиот крал како крал на Грција“, пишува Милчо во својот коментар.