Црвена Звезда по продолженија до победа над Монако
Звезда и Монако одиграа рамноправен натпревар во кој „поделија“ по две четвртина, па така требаше дополнителни минути за да биде одлучен победникот.
Во продолжението подобри беа домаќините и се радуваа на триумфот. Вистински лидер на Звезда беше Филип Петрушев кој натпреварот го заврши со 29 поени, додека на спротивната страна Болосомгејм уфрли 16.
На останатите натпревари Фенербахче беше подобар од Жалгирис со 98:86, Басконија дома го совлада Панатинаикос со 91:77, Виртус во Германија се радуваше над Баерн со 72-82, додека Барселона запиша победа над Ефес со 90-80.
На табелата Звезда се наоѓа на седмата позиција, додека Монако е три места погоре.