Швајцарија ја намачи Германија, Унгарија лесно против Гвинеја

Репрезентацијата на Унгарија лесно ја оправда фаворитската улога и во вториот натпревар од нашата група славеше над Гвинеја со 35-18.

Не славеа убедливо како Холандија, но сепак Унгарците доминираа во текот на целиот натпревар и африканската селекција во ниту еден момент не можеше да се надева на некакво изненадување.

Холандија и Унгарија се в недела ќе играат за првото место во групата и тогаш ќе биде познато по колку бодови пренесуваат во следната фаза. Македонија во последното коло ќе игра против селекцијата на Гвинеја и во тој натпревар влегуваме како фаворити.

На останатите натпревари вечерва Швајцарија одигра одличен натпревар и пружи силен отпор на Германија која сепак славеше со 29:31. Норвешка немаше проблеми и ја оправда фаворитската улога против САД со 17-33, исто како и Хрватска против Аргентина.