Шок за домаќинот: Дувњак во солзи го напушти натпреварот со Аргентина

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска Домагој Дувњак се повреди на стартот од второто коло на Светското првенство против Аргентина.

Дувњак паркетот го напушти во осмата минута и тоа во солзи, а докторите му пружија помош во соблекувалната.

Искусниот ракометар почувствува болки во листот и не можеше да го продолжи натпреварот.

За хрватскиот ветеран со оглед на тоа дека има 36 години ова е негово последно големо натпреварување. Зад него се бројни успеси вклучувајќи го и сребрто од Европското првенство во 2020 година.

Дувњак во првиот натпревар на ова Светско првенство против Бахреин постигна два гола.