Eлмас и Димитриевски може да станат соиграчи!

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас во овој зимски преоден рок би можел да се пресели во Валенсија и да стане соиграч со Столе Димитриевски, пренесуваат шпанските медиуми.

Елмас во Лајпциг пристигна од Наполи во текот на сезоната 2022/2023 со цел да игра повеќе, но во бундеслигашот засега се случува спротивното и речиси и да не добива прилика за игра.

Сезонава за Лајпциг, Елиф настапи само шест пати во сите натпреварувања, а последен пат беше на теренот на 5 ноември против Селтик во Лигата на шампионите. Во средата за првпат беше со тимот по паузата од два месеци поради мускулна повреда.

Валенсија од друга страна во Елмас гледа идеална можност за освежување во средниот ред во една сезона во која на тимот не му оди и веројатно го чека борба за опстанок.