
Пресврт: Алвеш ослободен од обвинувањата за силување поради кои - скапа во затвор!
Алвеш, кој во кариерата настапуваше за Барселона, Јувентус и ПСЖ, беше осуден на четири ипол години затвор во март минатата година, но по 14 месеци во притвор, беше пуштен на слобода со кауција од еден милион евра. И покрај ослободувањето, на Бразилецот му беа одземени двата пасоши – бразилскиот и шпанскиот. Тој беше обврзан секој петок да се јавува во судот, не смееше да ја напушти Шпанија и мораше да плати 150.000 евра отштета на жртвата.
Сепак, пресврт во случајот се случи кога судот оцени дека сведочењето на жртвата не е доволно за да се задржи првостепената пресуда. Алвеш е еден од најтрофејните фудбалери во историјата, освојувајќи 42 титули, меѓу кои три Лиги на шампиони со Барселона и два Копа Америка со Бразил. Најголемиот успех го постигна во Барселона, каде што меѓу 2008 и 2016 година освои 23 трофеи.