Прекрасен гол на Рашица, Баерн за четири минути до пресврт против Вердер (ВИДЕО)

Косовскиот фудбалер Милот Рашица постигна прекрасен погодок за водството на Вердер на гостувањето кај Баерн Минхен.

Косовскиот фудбалер ја искористи лошата реакција на одбраната на Баварците и со повеќе од 20 метри ја затресе мрежата на подзаспаниот Ноер.

Сепак Баварците успеаја да направат целосен пресврт за само четири минути и на пауза да заминат со 2-1. Пред крајот на првото полувреме со голот на Фелипе Кутињо во 45. минута Баерн израмни на 1-1, а во судиското продолжение во листата на стрелците се запиша и Роберт Левандовски.

Инаку, Рашица ќе настапи за Косово на мартовскиот натпревар против Македонија во рамки на полуфиналето од плејофот во Лигата на Нации.