Пред да потпише со Рома, Јуве му се јави на Гасперини и почна да го предомислува!

Џан Пјеро Гасперини по девет години ја напушта Аталанта и ќе побара нов предизвик, Рома и Јувентус се заинтересирани за него.

Искусниот стратег беше пред трансфер во Рома, имаше и состанок со раководството на волчицата, но откако му се јави Јувентус почна да се предомислува.

Прв пик на Јуве беше враќање на Антонио Конте, но тој ќе продолжи во Наполи, па старата дама веднаш го побара Гасперини.

Тој ги прекина преговорите со Рома и чека да види што ќе му понуди Јувентус.

Се очекува во наредните денови да донесе конечна одлука за тоа кој ќе биде неговиот следен клуб.