Eкипата на Пелистер ќе биде противникот на Вардар во финалето од Купот на Македонија откако вечерва успеа да го „скрши“ цврстиот Охрид со победа од 27-23.

Второто полуфинале донесе тврд почеток со многу промашени напади и на двете страни, па така во првите десет минути видовме само четири гола, по два на двете страни.

Таквата игра продолжи и во наредните минути, се играше со многу прекини и тешко се постигнуваа голови, а на десет минути пред крајот на првиот дел домашните ракометари имаа водство од 8-7.

Иако разликата констатно беше најмногу два гола, Пелистер никако не успевааше да дојде до водство, Чаневски беше одличен на голот во секој момент кога битолскиот клуб имаше напад за предност.

Во последните три минути од полувремете се влезе нерешен резултат (9-9), Охрид одново не реализираше, но истото следуваше и на спротивната страна, па и оваа прилика за водство избраниците на Алосо пропадна. Охрид тоа го казни во следниот напад кога поведе со 10-9.

Со предноста од еден гол Охрид замина на и на пауза (12-11).

Како што заврши првиот дел, така продолжи и вториот. Пелистер повторно не искористи уште два напади при нерешен резултат за водство, но промашуваше и Охрид на спротивната страна, па по 37 минути игра и понатаму на семафорот стоеше водство од еден разлика за домашниот состав 14-13.

Успеа Пелистер конечно да дојде до водство на истекот на 50-тата минута кога Кузмановски кој имаше четири промашување во првото полувреме искористи една брза контра и го совлада немооќниот Чаневски за 16-15.

Во тие моменти Охрид остана и без еден од своите најважни ракометари Хироки Мацуока кој се повреди при еден напад на домаќините и предвреме ја зарши средбата. Пелистер стигна и до да гола водство, меѓутоа Охрид не се предавааше и во 48-та минута од средбата и без Јапонецот на теренот дојде до израмнување (20-20).

Но, тука како да застанаа избраниците на Алушовски, па следуваше период во кој не постигнаа гол повеќе од девет минути и Пелистер со серија од 5-0 го реши натпреваот во своја корист. На крајот славеа победа со конечни четири гола разлика.

Финалето во кое Вардар и Пелистер ќе водат битка за трофејот е закажано за утре во терминот од 17:30 часот. Пелистер во него ќе игра за своја вкупно шеста титула и прва по 20 години, додека Вардар ќе се обиде да го освои 17-тиот куп трофеј. Последниот „црвено-црните“ го прославија пред две години.