Интер игра со фудбалер помалку: Димарко му подари и втор гол на ПСЖ (ВИДЕО)

Неверојатен старт на екипата на ПСЖ во финалната пресметка од Лигата на шампионите (ЛШ) против Интер во Минхен, откако по 20 минути веќе имаат предност со 2-0.

Ашраф Хакими го отвори резултатот по само 12 минути со егзекуција на прекрасна акција за која „виновник“ беше дефанзивецот на противничкиот тим, Федерико Димарко.

Овој дефанзивец беше виновен и за вториот погодок осум минути подоцна, кога буквално се сокри со свртен грб на ударот на Дуе, кој заврши во мрежата на Зомер.

ФОТО: EPA PHOTO