Минхен гори: Хакими брзо му донесе предност на ПСЖ, ама - не се израдува на голот (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ по само 12 минути го постигна првиот гол во вечерашното финале од Лигата на шампионите (ЛШ) против Интер, носејќи ерупција од одушевување кај фановите не само на „Алијанц арена“ во Минхен туку и низ улиците на Париз каде на големо се гледа оваа средба.

Стрелец на погодокот беше Ашраф Хакими, кој само ја смести топката во мрежата по феноменалната акција што почна од Кварацхелија.

Офанзивниот десен бек на францускиот гигант, сепак, не се радуваше по постигнатиот гол, од почит кон противникот каде што настапуваше во сезоната 2020/21 и од каде што токму стигна во таборот на ПСЖ.