Познат е терминот за одигрување на големото дерби помеѓу Милан и Интер

Големите градски ривали Милан и Интер требаше да играат во неделата на „Сан Сиро“, но натпреварот беше одложен поради смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Смртта на Астори жестоко ја шокираше фудбалската јавност, а сите натпревари во Италија беа одложени. Вчера беше соопштено дека натпреварите ќе се играат на трети и четврти април, но останува прашањето кога ќе се игра дербито во Милано.

Доколку Милан испадне од Лигата на Европа, тогаш средбата ќе се одигра кога ќе се играат и останатите мечови, но доколку се пласира понатаму, тогаш ќе се најде друг термин. Медиумите пишуваат дека 25. април е еден од предлозите, но само ако Милан не се пласира во полуфинале.

Доколку се случи тоа, тогаш не останува ништо друго, туку градското дерби да се игра на девети мај, за кога беше закажано финалето во Купот на Италија, а истото би било одложено за 26. мај.