Повредите му ја уништија кариерата, но не се предава: Умтити ќе стане тренер!

Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Барселона, Самуел Умтити не го исполни целосниот потенцијал затоа што повредите му ја уништија кариерата, меѓутоа тој не сака да го остави фудбалот.

Откако се повлече од професионалниот фудбал, Умтити тргна во нова мисија, а тоа е да стане тренер и од почетокот на оваа недела собира искуство во Париз од Лига 1.

Умтити ќе се обиде да ги добие сите потребни тренерски лиценци за еден ден да седне на кормилото на некој тим. Со оглед на богатото искуство како фудбалер, тој верува дека може да биде успешен како стратег.