Поранешниот соиграч на Португалецот: Меси е подобар од Роналдо, тој е генијалец!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, беше дел од златното доба во ерата на Сер Алекс Фергусон.

Гигс ја помина целата своја кариера во дресот на Манчестер Јунајтед и освои сè што можеше да посака. Откако ја заврши кариерата пред пет години, тој реши да се посвети на тренерската работа и во моментов е селектор на репрезентацијата на Велс.

Велшанецот играше со фантастични играчи во Манчестер Јунајтед, а секако беше дел од тимот и со Кристијано Роналдо. Сепак, Гигс призна дека никогаш не очекувал дека еден ден Португалецот да стане еден од најдобрите играчи во светот.

Исто така, во интервју за магазинот „ДАЗН“, даде одговор на прашањето кој според него е подобар игра, Лионел Меси или Роналдо, а тој даде одговор каков што малкумина очекуваа.

Навистина е тешко да се споредат Роналд и Меси. Би сакал да кажам дека Кристијано е најдобар затоа што играв со него и го гледав како се развива, но Меси е едноставно генијалец. Меси е еден вид играч кој е роден само еднаш во историјата. Тешко е да се одлучи помеѓу нив особено бидејќи играв со Роналдо. Но, едноставно никој не може да се спореди со Меси, истакна Гигс.