Поранешен руски репрезентативец загина на украинскиот фронт - бил испратен под казна
Убиен е во зоната на т.н. Северен воен округ, а на фронтот бил испратен под казна, како затвореник поради продавање наркотици. Со Министерството за одбрана на Русија потпишал договор да биде испратен во војна, но се надевал дека нема да е во првите борбени редови поради богатата спортска кариера. Сепак, три месеци по пресудата и појавата на бојното поле, тој е убиен.
Бугајев ја почна кариерата во Торпедо Москва, играше и за Томск, Локомотив, Химки и Краснодар, а забележа и седум настапи за руската репрезентација која ја претставуваше на Европското првенство во 2004 година. Во септември годинава бил осуден на 9,5 години затвор откако во негов посед бил најден половина килограм наркотични средства.