Поранешен претседател на италијански фудбалски клуб почина од коронавурус!

Коронавирус досега однесе речиси 5.000 животи во Италија, од кои 3.000 само во Ломбардија, регион кој е најпогоден од вирусот Ковид-19.

Еден од починатите на Апенинскиот полуостров е и Андреа Микели (37), поранешниот прв човек и член на тимот од Серија Ц - Перголезе.

Италијанскиот третолигаш ја потврди таа информација, а улогата на претседателот на клубот, Микели ја имеш во моментите кога Перголезе ја освои титулата во Серија Д во 2016 година.

Пред да стане „алфа и омега“ на овој клуб, Микели беше претседател на Пиџигетон.

Инаку, повеќе од 42.000 активни случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во Италија.