
Попов на ревијален меч за Херенвен со дрес оддаде почит за Андреј Лазаров и Кочани! (ВИДЕО)
Горан Попов две сезони го носеше дресот на Херенвен пред да се пресели во Динамо Киев.
Холандскиот клуб го повика Македонецот на ревијален натпревар по повод 30 години од изградбата на нивниот стадион „Абе Ленстра“.
Попов играше со дресот со број три, но наместо своето име и презиме, беше напишано Андреј Лазаров, македонскиот фудбалер кој загина во големата несреќа во Кочани.
На предната страна од дресот пишуваше „Кочани 16.03.2025“.