Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на мастерсот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука да настапи и на мастерсот во Мадрид, кој е закажан од 21 април до 4 мај.

Ѓоковиќ го пропушти минатогодишното издание на турнирот, а оваа година ќе се обиде да ја освои четвртата титула во Мадрид, откако претходно триумфираше во 2011, 2016 и 2019 година.

Освојувачот на 24 гренслем-турнири во моментов се натпреварува на мастерсот во Мајами.