„Македонецот“ Шортс ќе потпише за Барселона!?

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс игра извонредно во редовите на Париз оваа сезона, а посебно импресивни настапи има во Евролигата и тоа го привлече интересот од шпанскиот гигант Барселона.

Барселона сака да го освежи составот за следната сезона, а според шпански „Спорт“ едно од потенцијалните засилувања е македонскиот репрезентативец Шортс.

Шортс оваа сезона во просек постигнува по 18,8 поени, 2,7 скокови и седум асистенции по натпревар во Евролигата, а веќе доби и три МВП-награди.