Леонид Јандреоски е нов генерален секретар на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе неколку важни одлуки, а една од нив е поставувањето на нов генерален секретар.

ФФМ на денешниот состанок го постави Леонид Јандреоски за прв оперативец во „Куќата на фудбалот“.

„Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК“, соопшти ФФМ.