
Ѓулер ја продолжи војната со Собослаи: Не ти се доста шест парчиња? (ФОТО)
Ѓулер тогаш влезе во вербален конфликт со противничкиот фудбалер и со гестикулација му порача да замолчи. Собослаи веднаш по мечот го истрола на социјалните мрежи објавувајќи статистика дека оваа сезона одиграл само 1.088 минути во дресот на Реал иако кампањата влегува во последните два месеца.
Ѓулер не можеше да премолчи и врати на идентичен начин - преку социјалните мрежи на кои го предизвика фудбалерот на Ливерпул.
„Човеков е виц. Не ти се доволни шест гола за да замолчиш“, напиша Ѓулер со фотографија на Собослаи.
Турција го доби двомечот против Унгарија со вкупен резултат 6-1, а Ѓулер беше стрелец на еден од трите гола на реваншот во Будимпешта во неделата.