Погба си договорил трансфер, но пропаднал поради Нејмар

Пол Погба летово бил на чекор до заминување од Манчестер јунајтед, откако ги договорил личните услови со ПСЖ, но неговиот трансфер пропаднал во последен момент, бидејќи Барселона не успеа да го купи Нејмар. 

Французинот наводно се договорил за плата од 500.000 евра неделно во Париз, но тој останал во Манчестер јунајтед, бидејќи ПСЖ не успеа да се договори со Барселона околу продажбата на Нејмар. 

ПСЖ бил подготвен да му плати 150 милиони евра на Манчестер јунајтед за Погба, кој се врати на „Олд Трафорд“ во летото 2016 година од Јувентус за 105 милиони евра.

Погба преку својот агент Мино Рајола изминатото лето изјави дека не е среќен во Манчестер и дека сака нов предизвик во кариерата. Долго време беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но очигледно ПСЖ бил најблизу до негов ангажман.