По повеќе од седум децении Комо го победи Јувентус! (ВИДЕО)

Првпат по 20 јануари 1952 година Комо се израдува на победа над Јувентус, денеска момците на Сеск Фабрегас го надиграа и го совладаа фаворитот со 2-0.

Комо уште еднаш покажа дека располага со исклучително талентиран тим кој може да им прикоси на големите. Денеска одиграа одличен меч и заслужено го победија Јуве.

Главен играч на мечот беше Нико Паз кој речиси сигурно ја игра последната сезона во дресот на Комо.

Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога Паз асистираше до Кемф, а тој погоди за водство од 1-0.

Јуве јалово напаѓаше за израмнување, Комо имаше повеќе шанси да го зголеми водството, а тоа се случи во 79. минута кога самиот Паз постигна гол за конечни 2-0.