Дејвид Бекам се враќа во Манчестер Јунајтед!?

Легендата на англискиот фудбал, Сер Дејвид Бекам би можел да се врати во Манчестер јунајтед во една поинаква улога.

Според англиските медиуми, Дејвид Бекам треба да биде „мостот“ меѓу навивачите и група на инвеститори од Обединетите Арапски Емирати кои ќе се обидат да го преземат клубот од семејството Глејзер.

Наводно, конзорциумот веќе работи на деталите околу понудата со која се надеваат дека ќе го преземат мнозинскиот пакет на акции.

Бекам би требало да ја има улогата на амбасадор и човек кој ќе ги поврзе навивачите и новата управа.

Дејвид Бекам во минатото и јавно го критикуваше управувањето на семејството Глејзер со Манчестер јунајтед.