
Заврши најневеројатниот сушен период во тенисот – Медведев во главна улога!
За некогаш најдобриот во светот ова е прва титула по турнирот во Рим во 2023 година, односно по дури 29 месеци без трофеј. Финалниот натпревар во Алмати беше исполнет со пресврти. Муте прв направи брејк, но Медведев успеа да врати со два одземени сервиси и да го добие првиот сет со 7-5. Французинот возврати во вториот сет со 6-4, користејќи две грешки на сервисот на противникот. Во решавачкиот трет сет, Русинот покажа поголема стабилност и класа, направи клучен брејк во осмиот гем и ја запечати победата.
Турнирот во Алмати се игра на тврда подлога и припаѓа на АТП 250 серијата, но за Медведев оваа титула има многу поголемо значење – како психолошко олеснување и знак дека повторно ја наоѓа својата вистинска форма во 2025 година.
ФОТО: X / @TheTennisLetter